Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека „Брегзит директно го мотивирал да се вклучи во политиката“, 20 години откако убедливо триумфираше на парламентарните избори.
– Морате да ги извалкате рацете и јас тоа ќе го направам, изјави Блер за британскиот таблоид „Мирор“.
Тој додаде дека целта му е да „обликува политичка дебата“ за Брегзит, но оти во моментот не планира да се врати во првите политички редови ниту да стане пратеник. „Дејли телеграф“ изјавата на Блер ја протолкува како поставување на темели за формирање на нова политичка партија или движење.
Блер тврди дека формирање на движење против Брегзит не е спротиставување на волјата на народот кој гласаше за излегување од Европска унија на минатогодишниот референдум.
– Тоа нема врска со спротиставување на волјата на народот. Се работи за тоа што волјата на народот може да се смени кога ќе го видат конечниот договор (за Брегзит), посочи Блер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.