| четврток, 6 декември 2018 |

Пишев: За каков морал зборува Заев кога дели тендери на неговата фамилија

Деновиве можеме да го видиме Зоран Заев како држи лекции по морал и однесување. Се замислил во улога на морализатор без при  тоа да одговори на ниту едно од прашањата кои јавно му ги поставуваме, рече на денешната прес-конференција Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ.

pisev

Континуирано со години го богати кланот Заеви и фамилијата Црвенковски и не најде време и трошка доблест да им одговори на редица прашања  од граѓаните на Струмица.

Тој го повика Заев да одговори за тоа како тоа блиските фирми ги добиват тендерите на општината.

-За каков морал станува збор кога господинот Заев дава тендери на неговата фамилија, на татко, брат, стрина, братучеди, а постојано се правда дека сите овие постапки се законски. Каков морал е ако тендерите ги добива вашиот прв братучед Трајче Заев во вредност од 1,8 милиони денари.  Истиот тој братучед, кој извезуваше храна со сомнителен квалитет, доби тендер за набавка на храна од ЈП Комуналец – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тендери дававте на фирмите на сопствениот брат и неговите бизнис партнери. Како фирмата Јаворшпед доби 1,2 милиони евра од општина Струмица и  ЈП Комуналец. Не добивме одговори и за судските пресуди и минималните казни за кражба на струја од страна на таткото на Зоран Заев, како и пресуда заради неплаќање данок. Не добивме одговори и за застарените судски пресудите за неговите лични дела и постапки, а досега не одговори ниту за аболицијата. Ние, струмичани најдобро знаеме со кого си имаме  работа – рече Пишев.

Доколку Заев ја градеше Струмица без сите тие наведени проблеми кои сам ги создава дали и денес ќе имаше толку ветени, а неостварени работи.  Можеби Струмица немаше да проблеми со поплавите, депониите, можеби насекаде ќе имаше  канализација и водовод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top