Од ВМРО-ДПМНЕ од Струмица денеска објавија уште еден скандал во работењето на Зоран Заев со парите на граѓаните од општината.
Пред неколку месеци градоначалникот Зорн Заев склучил договор за набавка на компјутерска опрема и софтвер за потребите на Општината со фирмата СЕМОС ДОО Скопје.
Договорот е во вредност од 1.257.548 денари. Согласно огласот за набавката се набавуват 37 компјутери и соодветна опрема.
– Од тековната состојба на СЕМОС ДОО може да се види дека еден од сопствениците и основачи е Јасна Црвенковска сопруга на Бранко Црвенковски. Зоран Заев тврди дека откако станал претседател на СДСМ одлучува и работи самостојно, но изложените факти недвосмислено наведуват дека зад работењето на Заев всушност стои Бранко Црвенковски – изјави Гошев.
Во тендерската документација објавена од самата Општина е наведено дека ,,Носителот на набавката задолжително треба да има деловна единица во Струмица,,.
Од тековната состојба на СЕМОС ДОО јасно се гледа дека нема подружница во Струмица.
Дали станува збор за прекршување на законот со цел народните парите на струмичани да стигнат во фирмата поврзана со Бранко Црвенковски ?
– Да потсетиме дека според Ревизорски извештај фирмата СЕМОС ДОО на претходните парламентарни избори се појавува како најголем финансиер во средства и опрема на кампањата на СДСМ – рече Гошев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Заев: Горам од желба да ги соопштам деталите за бегството на Груевски
-
Општина Дебрца поништила јавна набавка за да склучи нов договор за два и пол пати поголема цена



