| четврток, 6 декември 2018 |

Новинар или советник: Секуловска му кажува на Стевчо што да изјави (ВИДЕО)

sekulovska
Ноќта кога Јакимовски поднесе кандидатура за Карпош, тој даде изјава за Новатв.мк. Сајтот го водат екс-новинари од А1 телевизија, меѓу кои и Билјана Секуловска пренесува курир.мк.

Токму таа ја зема изјавата од актуелниот градоначалник на Карпош, но не чекаше на негови зборови, туку самата му кажа што да изјави. Таа сакаше сензација и ексклузивна изјава, но ги погази основните новинарски принципи.

Дојде да земе изјава како новинар, а играше улога на советник на градоначалникот. Токму Секуловска, заедно со своите екс-колеги најгласно говореше за демократија и слободата во новинарството. На каква слобода мисли таа кога самата им кажува на соговорниците што да и одговорат?

Видеото најпрво беше поставено на Јутјуб на официјалниот канал на Нова ТВ, но набрзо истото беше корегирано и беше избришан спорниот дел во кој Секуловска му суфлира на Јакимовски. Сепак, наш читател целосното видео повторно го поставил на Јутјуб, од каде го пренесуваме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top