| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Попоски: Либерализација на трговијата со услуги со земјите-членки на ЦЕФТА

poposki
Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6, Никола Попоски, денеска го посети Гостивар и околните села.  Во селото Тумчевиште разговараше со локалните жители и им ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Проверено”. Попоски го истакна проектот за реконструкција на локалниот пат во селото и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ води посебна грижа за патната инфраструктура во цела држава.
poposki4
Попоски имаше средби со членови на Здружението на борците во Гостивар, а потоа беа остварени средби со граѓани во населбата Циглана и Фазанарија. Во овој дел од градот, Попоски ја посети и фабриката Циглана во Гостивар.
poposki3
Попоски го истакна проектот Либерализација на трговијата со услуги со земјите членки на ЦЕФТА.
poposki1
– Во 2014 година ќе започнат преговори за либерализација на трговијата со услуги во рамките на ЦЕФТА кои ќе се водат во согласност со Општата спогодба за трговија со услуги на Светската трговска организација. Либерализацијата во трговијата со услуги ќе овозможи слободно движење на услугите меѓу земјите членки на ЦЕФТА и зголемување на конкурентноста на економијата, што понатаму ќе влијае и на порастот на целокупниот економски развој на земјите. Приоритетни области во услугите ќе биде транспортот, градежниот сектор и дистрибутивни услуги. Во таа насока, ќе се склучи дополнителен протокол на ЦЕФТА именуван како Договор за трговија со услуги – изјави Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top