| четврток, 6 декември 2018 |

Србија и БиХ ќе ги бојкотираат состаноците на ЦЕФТА во Приштина поради зголемувањето на увозните давачки

Србија и Босна и Херцеговина нема да учествуваат на состаноците на ЦЕФТА во Приштина на 20 и 21 ноември, ниту на министерската средба во рамките на Неделата на таа регионална организација закажана за 3 декември, соопшти потпретседателот на српската Влада и министер за трговија и туризам Расим Љајиќ.

Тој прецизираше дека одлуката, која претставувао одговор на одлуката на Косово да ги зголеми царините на стоката од Србија и БиХ, ја донел заедно со босанскиот колега Мирко шаровиќ за време на вчерашниот телефонски разговор.

Љајиќ оцени дека мерките на Приштина ја предизвикале најголемата криза од почетокот на примената на спогодбата ЦЕФТА.

За осум дена, колку се во сила косовските мерки, пласманот на стока од Србија и БиХ во Косово е преполовен, а властите предупредуваат и на можен бран зголемување на цените на некои производи.

– Тоа зголемување од 10 отсто во вкупната маса нема да биде само 10 отсто, бидејќи се зголемува и ДДВ, трошоците за транспорт, трошоците за фитосанитарни прегледи и други трошоци. Тие 10 отсто на пазарот може да доведат до значително зголемување на цените, изјави Ненад Риколо, косовски министер за земјоделство во оставка и еден од српските министри во косовската Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top