| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: В недела на изборите, со мастило ќе се обележува палецот на левата рака

dik2014 (17)

В недела, на вториот круг гласање за претседателските избори и првиот круг од предвремените парламентарни избори на 27 април, гласачите ќе бидат обележани со мастило на палецот од левата рака, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

За таа цел ДИК донела посебно упатство за гласање, кое, заради непречена реализација на изборите, е испратено до општинските изборни комисии во Македонија и до сите избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии во трите изборни единици во странство.

На гласањето на првиот круг од претседателските избори на 13 април, гласачите кои гласале беа обележани со мастило на палецот од десната рака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top