| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Развојот на туризмот во Струга и Охрид наш приоритет

milosoki

– Туризмот за Струга и за Охрид ни се еден од најважните приоритети во нашата програма. За таа цел, меѓу другото, планирани се туристички развојни зони, воведување директни линии до охридскиот аеродром, изградба на хотелот „Изгрев“ – истакна при посетата на Струга носителот на листата за избор на пратеници во Изборната единица 5 Антонио Милошоски.

– Бројот на туристи во Република Македонија во 2006 година на странски туристи беше 200.000, во 2013 година имаме 400.000. Со самата изградба на хотелот „Изгрев“, неговата обнова и воведувањето директни линии Охрид – Лондон, како и Анталија – Охрид сакаме да го зголемиме дополнително бројот на туристи во овој крај. Тоа ќе значи дополнителни работни места, отворање можности за луѓето кои нудат услуги и дополнителни девизни приливи од странските туристи кои ќе престојуваат во Република Македонија – рече Милошоски.

Додаде дека  дополнителен стимул за привлекување на домашни и странски туристи и за зголемување на стопанскиот потенцијал преку развојот на туризмот ќе биде и проектот за туристички развојни зони со кои се опфатени и општина Струга и општина Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top