| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Даневски осуден на две години затвор

zoran danevski

Зоран Даневски, поранешниот сопственик на „Џумајлија“, е осуден на две години затвор. Светиниколскиот бизнисмен е во бегство, а судскиот кривичен совет, чиј претседател е судијата Ѓорги Андонов во Основниот суд во Штип, донесе одлука со која Даневски е прогласен за виновен. Тој донесувал одлуки без согласност и одобрение на Собранието на доверители во агрокомбинатот „Џумајлија“.

Портпаролот на Основниот суд во Штип, Стојан Михов, вели дека Судскиот кривичен совет одлуката со која Даневски е огласен за виновен и му е изречена казна затвор од две години ја има донесено бидејќи одлуките за позајмици на парични средства на неколку фирми, меѓу кои и неговата, ги има донесено без одлука на Собранието на доверители, а, исто така, донесувал одлуки без нивно знаење и одобрение за земање кредити.

Во штипскиот Основен суд се во тек и други две постапки против Зоран Даневски, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и за затајување данок при продажба на вино, а во Основниот суд во Свети Николе се водат уште три постапки против Даневски меѓу кои и за исчезнувањето на државните резерви за жито,  чија вредност се проценува на околу еден милион евра.

Судските процеси против Даневски во двата суда се одвиваа без негово присуство бидејќи и официјално е недостапен на надлежните институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top