Ауди А3, премиум компактниот бестселер од брендот со четири прстени, е Светски автомобил на годината за 2014. Ова е втора севкупна победа за Ауди во десет годишната историја на овие награди. Моделот Ауди А6 ја освои титулата во 2005 година.
Третата генерација Audi A3 сега и официјално е светски шампион. Во натпревар со други 23 автомобили, Ауди A3 успеа да ја освои престижната награда „Светски автомобил на Година за 2014“. А3 беше прогласен за победник од страна на меѓународното жири составено од 69 врвни автомобилски новинари од 22 земји од целиот свет.
Руперт Штадлер, претседател на управниот одбор на Ауди AГ, изјави:
– Ауди А6 е првиот добитник на оваа награда, а ние сме многу задоволни бидејќи Ауди А3 го повтори успехот на А6 и ја освои наградата Светски Автомобил на Годината за 2014. Ауди А3 ја покажа својата техничка компетентност од сите аспекти: квалитет, лесна технологија, возни својства, информативно забавен систем, поврзување и напредни системи за помош на возачот. Оваа награда е големо достигнување за целата компанија.
Новиот Ауди A3 е достапен во повеќе варијанти: како автомобил со 3 врати, како автомобил со 5 врати познат под името А3 Спортбек, А3 Кабриолет и А3 Лимузина. Возилото го движат бензински TFSI и дизелски ТDI мотори. А3 Спортбек, исто така, може да се нарача како г-трон, кој користи e – гас создаден од страна на Ауди.
Кон крајот на оваа година, А3 Спортбек, исто така ќе биде достапен и како е-трон со плаг-ин хибриден систем кој може да помине 50 километри со електричен погон.
Да се потсетиме на 16 годишната успешна приказна на Ауди поврзана со моделот А3. Во 1996 година, беше произведена првата генерација од моделот, со што за прв пат на пазарот се појави нов сегмент – премиум компактна класа. Втората генерација започна да се произведува во 2003, а Ауди го прошири А3 семејството со Кабриолет изведба која што беше дополнување на A3 и на A3 Спортбек. Третата генерација А3, со новата А3 лимузина, веќе е достапна во 4 варијанти.
Со последната победа на A3, Ауди ја задржа својата позиција како производител со најмногу титули од наградите „Светски Автомобил на Година“. Брендот со четири прстени претходно има освоено три титули Светски Перформанси на годината, две титули Светски Дизајн на годината и две титули Светски Автомобил на Година. Севкупно Ауди досега има освоено седум титули од наградите Светски автомобил на годината:
2005 Ауди А6 Светски автомобил на годината
2007 Ауди РС4 Светски перформанси на годината
2007 Ауди TT Светски дизајн на годината
2008 Ауди Р8 Светски перформанси на годината
2008 Ауди Р8 Светски дизајн на годината
2010 Ауди Р8 V10 Светски перформанси на годината
2014 Ауди А3 Светски автомобил на годината
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.