| четврток, 6 декември 2018 |

Со истрели бркал рибар да не краде од езерото каде што тој краде

ПС Радовиш поднесе кривична пријава против С.Н.(43) од с.Долни Липовиќ, радовишко, за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, предизвикување општа опасност и незаконит риболов.

На 3 април, на езерото Мантово – Радовишко пријавениот му се заканил на лице од Виница да го напушти местото при што му вперил огнено оружје-револвер испукувајќи еден куршум во воздух.

Покрај ова, пријавениот на езерото со мрежа незаконски ловел риба.

На 16 овој месев, извршен е претрес во домот на таткото на пријавениот при што се пронајдени и одземени револвер, ловен карабин, воздушна пушка без документи, потоа полуавтоматска ловна пушка, сопственост на лице од с.Долни Липовиќ и три ловни пушки, сопственост на фамилија на пријавениот, како и пет куршуми и девет чаури.

Од страна на судија на пријавениот му е одредена заштитна мерка одземање на патна исправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top