| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени група струмичани и Албанец за незаконит лов на риба

ohrid kajcinja

Полицијата приведе неколку лица за незаконит лов на риба.

Во првиот случај се работи за 27-годишниот албанскиот државјанин В.Б. кој пред два дена во 6 часот, во водите на Охридското езеро во близина на село Радожда е затекнат како врши незаконит риболов со риболовни средства. Од Албанецот биле одземени 1,3 килограми пастрмка.

Во вториот случај се работи за група струмичани, В.С.(21), К.С.(29) и К.С.(29), М.Д.(25) и Ј.Ѓ.(23) од село Просениково кои на мостот помеѓу селата Добрејци и Пиперово се затекнати како вршат незакоит риболов и од нив се одземени пет килограми риба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top