вечерва со почеток во 20 часот во Киното Милениум ќе започне 17-тиот Скопски филмски фестивал. Фестивалот ќе биде отворен со проекција на филмот „Сталинград“ на режисерот Федор Бондарчук.Сталинград / Stalingrad (2013). Режија: Fedor Bondarchuk Улоги: Mariya Smolnikova, Yanina Studilina, Pyotr Fyodorov Земја: Russia Времетраење: 131 мин.
Јасно беше дека ветеранот актер и режисер Федор Бондарчук ќе оди на нешто големо, со „Сталинград“ првиот руски филм снимен цел во 3Д и издаден во 3Д ИМАКС формат. Бондарчук оркестрира комплексна толпа и воени сцени кои вклучуваат бучни тенкови и авиони кои се уриваат, интензивни борби, пукање и снимки од дирекни борби.Ова е првиот филм за Сталинград кој започнува со глас на јапонски. Зошто, се прашувате, дали сме во Јапонија? Излегува дека сме на местото на земјотресот во Фукушима во 2011 година. Помеѓу меѓународните спасувачи е и еден руски доктор, кој се обидува да спаси млади германски туристи заробени во урнатините. Обидувајќи се да ги смири петте студенти заробени во урната зграда, тој им раскажува охрабрувачка приказна.Приказна за љубов во текот на една од најдеструктивните битки во модерната историја.Враќајќи се наназад пред околу 70 години, во есента 1942 година за време на една од најважните битки во Втората Светска Војна, која го запре напредувањето на нацистичките сили и ја сврте насоката на војната во прилог на Сојузничките сили. Советската армија подготвува контра напад на нацистичките сили кои го окупираат половина Сталинград од другата страна на реката Волга, но операцијата да се помине реката е безуспешна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.