| четврток, 6 декември 2018 |

Тајниот живот на Тито: Постојано ги снимал Јованка, Крлежа и себе

jovanka broz

Јосип Броз Тито има голема страст – фотографирањето и постојано ги снимал Јованка, големиот писател Мирослав Крлежа и себеси, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Преку фотографиите ја овековечувал својата интима. Направил портрет на Јованка на село, но и во раскошен капут и шубара со леопардов дезен додека чита на карпа, несвесна дека тој ја фотографира и дека еден ден овие записи ќе ја здогледаат светлината на денот. Иако има повеќе портрети на Јованка, оваа е една од поинитмните.

tito

Пред четири години, во архивите на Јосип Броз, при една селидба, во една од кутиите се пронајдени повеќе од 600 дотогаш непознати Титови фотографии. По внимателната обработка, еден дел од покажан на изложба во Музејот на историја на Југославија во Белград. Тие фотографии се сопственост на овој Музеј. На еден ден пред роденденот на Тито, 25 мај, ќе бидат изложени во Музејот Старо село во Кумровец.

tito i jovanka

Тоа ќе биде првпат да бидат изложени фотографиите кои ги снимал Тито во Хрватска, а многу од нив првпат ќе бидат воопшто покажани на јавноста.

krleza

Фотографиите не биле потпишани, но кустосите во Музејот во Белград, според историските податоци заклучиле дека фотографиите од Њујорк биле направени кога Тито присустувал на седница на Обединетите нации, па носат заедничко име – „Првапт во Њујорк“. Сите фотографии се поделени по поглавја, потоа следат циклусите „Од Вардар до Триглав“, „Моите слугинки“, „Вака ме пречекуваа“…

jovanka

Тито не сакал да се фотографира, а меѓу ретките кои имале пристап биле Милан Павиќ и Никола Вучемиловиќ. Затоа големо изненадување е серијата негови автопортрети кои се снимени на Бриони. Во принцип тој ретко портретирал луѓе, а исклучок биле Јованка и Мирослав Крлежа. Исто така ги фотографирал масовните собири, нивните лица се насмеани. Фотографирал и животни, на пример својата пудлица.

Ги имал најдобрите апарати во тоа време – „Никон“, „Практика“ и „Хаселблад“. Скоро е невозможно да се најде неслужбена фотографија на која Тито нема фотоапарат околу вратот, посебно ако тој и Јованка биле во посета на некоја далечна, егзотична земја.

140423015.7_mn

Фотографиите ги развивал сам.

– Ме интересираше во кои димензии тој ги развивал фотографиите. Сите овие дела покажуваат една друга, нежна страна на карактерот на Тито. Кога се гледаат фотографиите, како да станува збор за некоја друга личност – вели кустосот на изложбата во Музејот во Белград.

Вредно е да се напомене дека го привлекувале детали и дека со својот апарат забележувал обични, секојдневни работи, а често ги снимал и собарките. Лично, немал големи уметнички амбиции, иако бил дел од неколку групни фотографски изложби, но секогаш надвор од конкуренција. Но, три негови фотографии се наоѓаат во фундусот на Музејот на модерна уметност во Њујорк – МоМА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top