| четврток, 6 декември 2018 |

Муџахедини од Косово подготвуваат нови самоубиствени напади

g_sirija

Постојат созанија дека муџахедини од Косово, кои војуваат во Сирија и во Ирак, подготвуваат нови смоубиствени напади. Ваквите сознанија на службите ги потврдиле компетентни лица за приштинскиот весник „Бота сот“, пренесува Дневник.

Според нив Командантот на Албанците во Сирија, Лавдрим Мухаџери заедно до И.Б. од Качаник неодамна се сретнале со т.н. „касапин е Деулес“( касапот од Деуела) Ебу Вахид, командант во Ирак.

„Исто така Командант Мухаџери побарал од Командантот Ебу Бекер Ел Багдади да дозволи самоубиствени напади(камикази) со експлозив или организирање на вакви напади, – изјавиле коментентните авторитети за „Бота сот“ додавајќи дека се во состојба на готовност.

Прв Косовец кој изврши самоубиствен напад е Блерим Хета. Во самоубиствениот напад во Ирак усмртени беа  52 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top