| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на поранешен екстремист: Знам како се радикализира население, знам како да се спречат идни напади

isis-terorist

„Со другите членови разговарав како да поставиме бомба во лондонското метро. Бев загрижен поради мојата способност да го изведам тоа, не поради смртта и страдањето што ќе го предизвикам“, раскажува за „Индепендент“ поранешен исламски радикал.

„Знам како дејствува радикализацијата, бев од тие што го прават тоа. Јас ги избирав луѓето, исто како што и јас бев избран. Ја користен најубоитата комбинација незадоволство од животот во локалната заедница и навежбани приказни како да ги намамам“, го споделил искуството поранешен член на организацијата Ал-Мухаџирун, која е забранета, а позната е под името ИСИС УК (ISIS UK).

„Кога се спретнав првпат со таа организација, исламистичката приказна брзо ми го објасни моето и општественото незадоволство. Екстремизмот е процес кој ги искористува луѓето. Политички или неполитички, религиски или нерелигиски, ќе ви даде некоја јаснотија среде животните перипетии. Тоа чувство е моќно и сеопфатно“, пишува овој човек.

Тој смета дека убиецот од Ница е добар пример на класичен случај на рапидна радикализација. На нестабиле човек брзо му е дадена смисла на животот.

„За да се спречат идни напади, би требалод асе сосредоточиме повеќе на состојките на тој радикализациски процес отколку на конечниот резултат“, објаснува тој и убедува дека е потребен нов пристап.

Нов пристап

Поранешниот потенцијален терорист, кој сега работи во органзација која се бори со екстремизмот, вели дека тероризмот се променил, па така мора да се промени и начинот на кој ќе се води борбата со него.

Мохамед Лахој Бухлел бил женскар и алкохоличар, но, она што е најважно, потполно непознат за разузнвачите. Процесот на радикализација значително е намален, а за походот не користел оружје, туку обичен камион. Авторот на текстот смета дека воинина ќе гледаме повеќе вакви напади кои е невозможно да се сопрат.

„Но, тоа не значи дека сме беспомошни. Само ни треба друга стратегија. Луѓето мораат да сфатат дека проблемот не е исламот, туку екстремизмот“, смета поранешниот исламист и решението го голеда во подобрата социјализација на муслиманите.

Чувство наприпадност на заедницата

На муслиманите треба да им се даде чувство на припадност на заедницата, а не да се чувствуваат заборавено или искористено во светот кој брзо се менува.

„Само ако понудиме силна алтернатива на екстремистичките интерпретации на Куранот, ќе им ги освоиме срцата и умовите на ранетите поединци. Џихадизмот ќе успева сѐ додека не го промениме пристапот и не понудиме нова интерпретација на исламот. Безбедносните служби не можат да спречат напад како оној во Ница, но цивилите, оптеството, можат“, заклучува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top