| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски: Младите се сржта на нашата политика

Oliver Spasovski press

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска се сретна со жителите на скопските населби Бутел, Чаир и Радишани. Во разговорите со граѓаните тој рече дека СДСМ нуди конкретни мерки преку кои парите ќе се враќаат назад кон граѓаните, сè со цел да се врати економската стабилност на македонското семејство. Тој истакна дека младите најсилно ги почувствувале погубните политики на власта.

– Во последниве неколку години 230.000 млади луѓе ја напуштија Македонија, а дури 75 отсто од нив својата иднина ја гледаат надвор од нашите граници. Токму затоа, младите и младинската политика се сржта на нашата Програма. Наша цел е младите да ја гледаат и градат својата иднина овде, во нашата земја – рече Спасовски од средбите.

На денешните средби со граѓани генералниот секретар Оливер Спасовски беше придружуван од кандидатите за пратеници во втората изборна единица, Соња Мираковска и Сенад Смаиловиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top