| четврток, 6 декември 2018 |

Европратеникот Звер со силна поддршка за Иванов и ВМРО ДПМНЕ

milan zver

Словенечкиот европратеник Милан Звер искажа силна поддршка за ВМРО ДПМНЕ и нивниот кандидат за претседател Ѓорге Иванов за претстојните избори на 27 април.

– Се надевам дека вие ќе станете полноправна членка на ЕУ. Не може некоја земја поради еден проблем да ги блокира граѓаните на Македонија кои ги делат вредностите со цела Европа. Вие сте среќна нација зашто последните години направивте многу успешен развој, транзиција во демократијата, економијата и политичкиот живот. По 2006 година вие сте среќна нација што направивте реформи и го заслужувате членството. Среќни сте што имате власт која одговорно се однесува кон историјата и иднината – изјави Звер на минтингот во скопската општина Бутел.

Најважно според него е фактот што претседателот на Република Македонија и претседателот на Владата се држат заедно, а според Звер, тоа е гаранција за политичката стабилност на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top