| четврток, 6 декември 2018 |

Лукашенко: Не верувам дека Украина ќе влезе во НАТО

lukasenko

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека зачувувањето и зацврстувањето на стратешкото партнерство со историскиот сојузник – Русија, останува приоритетна задача на надворешната политика на земјата.

– Тој пристап е законодавен и произлегува од самата суштина на интеграцијата. Денес ние ги остваруваме со Русија најзначајните проекти, вклучувајќи и изградба на атомски централи, дејствија за модернизација на воено-индустрискиот комплекс – рече тој во редовното обраќање кон белорускиот народ и Парламентот.

Лукашенко изрази длабока вознемиреност од продлабочувањето на украинската криза.

– Сите геополитички потреси, особено во Источна Европа, несомнено не засегаат, истакна тој и додаде дека Белорусија е крајно заинтерсирана од стабилна, просперитетна Украина и е подготвена да помогне за таа цел – рече Лукашенко.

Според него, Киев нема друг пат, освен да соработува со Русија и Белорусија.

Лукашенко истакна дека не верува оти Украина ќе влезе во НАТО, а исто така таа треба да остане „суверена, единствена, целосна држава“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top