| четврток, 6 декември 2018 |

Нова инвестиција во Прилеп, „Тритекс“ ќе вработи уште 300 лица

тритекс 1

Уште една успешна компанија се одлучи проширувањето на своите призводствени капацитети да го лоцира во Индустриската зона – Прилеп 1 и со тоа да го потврди  својот растечки потенцијал.

Текстилната компанија „Тритекс“  која е позната по долната облека што е изработена исклучиво од памук  одлучи да гради нов производствен  погон кој ќе се простира на површина од 4000м2 и во кој ќе бидат сместени новите производствени линии,  а инвестицијата во вредност од еден милион евра ќе овозможи вработување на уште 300 нови лица. „Тритекс“ како компанија е успешна фамилијарна деловна  приказна која трае 20 години.

тритекс 2

Текстилните производи  на „Тритекс“ се синоним за квалитен македонски бренд што е присутен на пазарите во регионот и во Европа.

Воедно  ваквото проширување на прозводниот процес е потврда за поволната бизнис клима што веќе извесен период постои во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top