| четврток, 6 декември 2018 |

Тајсон и Холифилд повторно пријатели! (видео)

На промоцијата на Ивандер Холифилд на сос за скара, ненајавено дојде боксерот кој пред 16 години му одгриза дел од увото на историскиот меч.

Шеснаесет години подоцна од историскиот дуел, на кој Мајк Тајсон му одгриза дел од увото на Ивандер Холифилд, потег после кој двајцата врвни боксери станаа крвни непријатели.

Сепак, Челичниот Мајк и Холифилд ги закопаа секирите на средбата која не е дел од боречки карактер, поточно на промотивна вечера на која петкратниот шампион Холифилд го претстави својот сос за скара во една продавница во Чикаго.

Инаку Тајсон на промоцијата дојде ненајавен и срдечно се поздрави со некогашниот ривал и се потруди своите заби да ги држи настрана од ушите на Холифилд.

Извор: klizac.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top