Денеска на програмата е првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони каде Атлетико Мадрид ќе го пречека Челси. Жозе Мурињо вечерва ќе стане првиот тренер кој осум пати играл во полуфиналето во Лигата на шампиони.
Португалецот меѓу најдобрите четири екипи успевал да стигне со Порто, Челзи, Интер и Реал. Не очекува интересен дуел бидејќи Диего Симеоне и Мурињо негуваат сличен стил на игра, стил кој бара многу трчање и исполнување на тактички задачи.
– Полни сме со ентузијазам, играчите се свесни колкаво значење има овој натпревар. И ние и Челзи сме тимови кои добро играат, кои добро реагираат во прекините, и ние и тие примаме малку голови, а напаѓаме директно“, рекол Симеоне.
Мурињо изјави дека секој би сакал да биде дел од ваков меч, како и дека не се согласува дека Симеоне е подобар тренер од него.
-Нема да говорам за квалитетите на Атлетико, тоа го поминав со моите играчи кога се подготвувавме за натпреварот“, рече Мурињо.
Тренерот на „јорганџиите“ нема проблем со повредени и суспендирани играчи, на располагање ќе му бидат сите фудбалери, додека пак Мурињо нема да може да смета на Бранислав Ивановиќ, Немања Матиќ, Салах, а под прашалник се и голманот Петр Чех, како и Белгиецот Еден Азар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.