Леонардо ди Каприо најверојатно ќе го игра Стив Џобс во новиот филм за таткото на „епл“. Сценариото е базирано врз книгата на Валтер Исаксон, а го напиша Арон Соркин, кој освои „Оскар“ за филмот за „Фејсбук“, „Социјалната мрежа“.
Режисерот Дени Бојл, најпознат по филмот „Сиромавиот милионер, во главната улога го сака токму Ди Каприо.
Во конкуренција за ликот на Џобс беа и режисерот Дејвид Финчер и Кристијан Бејл, но Бојл е убеден дека Лео ќе биде вистинскиот избор.
Иако минатата година Ештон Качер веќе ги овековечи на филм почетоците на Џобс, според „Холивуд рипортер“ новиот филм ќе вклучува различен период од неговиот живот.
Снимањето би требало да започне следната година, а засега нема официјална потврда дека Ди Каприо ја прифати улогата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.