26-годишниот магионичар Дарси Оак, кој се издвои од масата на пејачи и танчери со неверојатните трикови ги воодушеви сите на „Британија има Талент“.
Дарси целиот негов живот се занимава со трикови, се специјализирал за трикови со гулабите кои ги вади од ракавите, џеповите, а повремено птиците како да се појавуваат од никаде.
Во секој случај, жирито и публиката во студиото беа воодушевени, а и го привлече вниманието на гледачите на Јутјуб, каде неговото видео за помалку од два дена го виделе преку милион и 300 илјади пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.