| четврток, 6 декември 2018 |

Додовска: Поддршката од Жозеф Дол е израз на успешните политики на Груевски и Иванов

Jaвно прикажаната поддршка на претседателот на најголемата европска партија Европската народна партија, ЕПП, Жозеф Дол е израз на позитивниот и силен впечаток кој го оставија пред меѓународната заедница изминативе години и Никола Груевски како претседател на Владата и Ѓорге Иванов како претседател на Република Македонија.

Вакви се реакциите на експертите, по силната поддршка која ја добиваат ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Иванов од угледни меѓународни политичари, како што беше онаа на првиот човек на Европската народна партија, Жозеф Дол, кој раководи со најмоќната политичка групација во Европската Унија.

-Особено ако ги земеме во предвид аргументите дека токму г-динот Жозеф Дол е европски лидер кој претставува повеќе од 12 претседатели на Влади и држави членки на Европската Унија, кои во вистинска смисла на зборот се европски и светски економски и политички лидери и истовремено е актуелен лидер на најбројната политичка партија во Европскиот парламент, не мора премногу да анализираме за да можеме да заклучиме дека оваа јавна поддршка има исклучителна вредност и е своевиден патоказ за добрите и успешни политички решенија кои ги донесувале и кои ги афирмираат и за нив се залагаат и во иднина Груевски и Иванов, вели за Курир доцент д-р Иванка Додовска од Правниот факултет.

Таа смета дека ваквите пораки се исклучително важни за местото и улогата на Република Македонија во меѓународна смисла и истите имаат огромна тежина, но претставуваат и очигледен сигнал за тоа колку се променети во нагорна линија позициите на нашата држава и колкава била активноста и заложбите и на македонскиот премиер и на македонскиот претседател на државата во однос на претставувањето на нашата држава пред меѓународните институции и пред меѓународните стратешки партнери.

Ваквата поддршка, за ескпертите и аналитичарите е мошне значајна и добредојдена и тие на овој начин покажуваат почит и солидарност.  Поддршката претставува доказ за изградено пријателство, што особено се вреднува во политичките кругови. Таквите пријателства според аналитичарите се клучни во политиката, особено кога станува збор за прашања кои се од круцијално значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top