| четврток, 6 декември 2018 |

Ангелов командант на дрим-тимот во ЛШ

Петар Ангелов бранеше магично на првиот четвртфинален дуел против Фленсбург и со 18 одбрани е најдобар голман на колото во Лигата на шампионите.

Голманот на Вардар го предводи дрим-тимот, а со него во најдобрата постава на првата четвртфинална рунда е извонредното трио на Рајн Некар Левен, Геншајмер, Мирхол и Грецки кои ги предводеа Германците до убедлив триумф од 38-31 против моќната Барселона.

Бековскиот тандем на Веспрем Илиќ и Наѓ се најде во најдобрата седморка на колото по триумфот на унгарскиот тим во Париз против скапиот ПСЖ со 28-26, а едно место во дрим-тимот има и за ракометарот на Кил, Палмарсон, кој блескаше во Скопје на мечот со Металург во убедливата победа на „зебрите“ од 31-21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top