| четврток, 6 декември 2018 |

Аргентинците го задржаа Сити во трка за титула

Манчестер Сити во последниот натпревар од 35. коло од англиската Премиерлига на домашен терен славеше сигурна победа против Вест Бромвич Албион со резултат 3-1.

Со нови три бода „граѓаните“ задржаа теоретски шанси да ја освојат титулата. Три кола пред крајот на првенството Сити има шест бода помалку од Ливерпул, но и натпревар помалку.

Сити во негов стил го отвори натпреварот, Само три минути им беа потребни да дојдат во водство. Агуеро шутираше, а по одбиената топка Забалета ја затресе мрежата. Шест минути подоцна Агуеро зголеми на 2-0. Гостите во 16 минута намалија на 2-1, а конечниот резултат го постави Демикелис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top