Напаѓачот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо по пауза од три недели се врати на теренот и одржа целосен тренинг и најверојатно ќе игра во првиот натпревар од полуфуналето од Лигата на шампиони против Баерн во среда.
Португалецот се повреди за време на првиот натпревар од четврт-финалето од Лигата на шампиони против Борусија Дортмунд кој се одигра пред три недели.
Наместо Роналдо одговорнаста ја презема Велшанецот Герет Бејл кој на последните четири натпревари постигна три гола, вклучувајќи го и голот кој им донесе победа во финалето од Кралскиот куп против Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


