Неколку манекенки од Македонија учествуваа на големата модна ревија која ја организира „Академија Италијана“ од Фиренца.
– Традиционално, еве веќе точно десет години сме дел од оваа голема модна ревија која секој април „Академија Италијана“ ја одрзжува во Фиренца и на која свои модели презентираат завршните студенти на ова светски познато училиште за мода и дизајн. Не се работи за обицна модна ревија туку за вистински моден перформанс на кој за два часа треба да се претстават преку 250 модели – вели Мики Црнокрак кој со манекенки од неговото модно студио „Црнкрак“ престојуваа во Италија.
Ревијата се одржа во преполниот Обихол театар во Фиренца, пред 3.000 гости во публика, а меѓу нив имало многу познати лица од светската модна сцена. Овој пат најпознат меѓу нив модниот креатор Ренато Балестра.
– Црнокрак вели дека поминале прекрасни седум дена во Италија, а првите луѓе на „Академија Италијана“ биле презадоволни од нашите манекенки и најавија дека традицијата ќе продолжи и следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






