Филмот „Џган“ во режија на Вардан Тозија ќе биде прикажан на Филмскиот фестивал „Балкан флоренс експрес“ (БФЕ) кој се одржува во Фиренца од 23-ти до 26 февруари.
Во организација на Оксфам Италија и Фондацијата Система Тоскана, Фестивалот ќе опфати преглед на најдобрите филмови од земјите од Западен Балкан и придонесот на филмскиот фонд од регионот Тоскана.
– Многу дебитантски филмови од досега веќе етаблирани и реномирани режисери од регионот ги имале нивните премиери токму на овој фестивал. Режисерот Тозија ќе биде присутен на фестивалот и ќе го промовира лично своето режисерско деби, соопшти „Дрим фектори“, македонски продуцент на „Џган’.
Филмот, кој е снимен во копродукција со „Red helicopter films“ од Албанија, финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и SEE Cinema network. Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура