
Трагедија во која тригодишно девојче од пушка го застрелало своето една година помало братче се случи во американското гратче Колеџ Ворд, во сојузната држава Јута, објавија во неделата официјални претставници на локалната полиција.
Според полицискиот извештај, на кој се повикуваат медиумите, девојченцето ја нашло пушката на таткото во домот и ја вперила кон братчето. Куршумот го погодило детето во стомакот, кое веднаш било пренесено во болница, но за жал, лекарите не успеале да го спасат.
Како што засега ѝ е познато на полицијата, кога девојчето ја зело пушката таа не била наполнета. Како на детенцето му пошло од рака да го премести патронот од магацинот во цевката останува нејасно. Според полицијата, во времето на несреќата родителите биле во домот, но без надзор ги оставиле децата само неколку кобни минути. Засега нема покренато никакво обвинение во овој случај, а како што истакнуваат локалните медиуми, најверојатно инцидентот ќе биде заведен како несреќен случај.
Медиумите, исто така, потсетуваат дека пред две седмици слична несреќа се случи во Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија, кога двегодишно момченце случајно ја застрела својата 11-годишна сестра, од пиштол што го пронашло во спалната соба на родителите.
Се споменува и случајот од 4-ти април годинава, во градот Савана, во државата Џорџија, кога момченце чија возраст медиумите не успеаја да ја идентификуваат, исто така, случајно ја застрелало својата десетгодишна сестра. Според полициската истрага, девојката побарала од нејзиниот брат да го поддржи оружјето. Момченцето земало да проверува дали пиштолот е полн, и одненадеж истрелал од него. Куршумот ја погодил сестрата по име Тејлор во градите и таа починала пред да пристигне брзата помош. За време на несреќата родителите не биле во домот.
Последниот инцидент во САД во кој од детенце страда од огнено оружје за кој потсетуваат медиумите се одиграл на 9-ти септември 2013 година, во националниот парк Јелоустон, кога загина тригодишно девојченце. Тоа било оставено во шаторот без надзор од родителите кои во природниот резерват дошле на одмор, и почнало да чепка по работите во ранецот на татко си од каде го извадила пиштолот и о притиснала чкрапалото. Девојчето починало од здобиените повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


