Двегодишно девојче било повредено во зоолошка градина кога волк скокнал врз него и за среќа и предизвикал само гребаници кои не се животно загрозувачки. Волкот имал пет месеци и бил сместен во т.н. оддел за младенчиња. Волонтерката која била со волкот од неговото раѓање, со него си играла на тревата додека во близина шетале родители со деца. Во еден момент, тој се ослободил од синџирот и го гризнал девојчето за грбот. Детето итно било префрлено во болница.
Според директорот на Зоолошката градина се работи за поларен волк кој е отргнат од мајка му и тие го хранат. Никогаш не бил агресиван и се оденсува како куче. „Агресивните животни никогаш не ги пуштаме надвор од кафезите“ рекол директорот, кој им се извинил на родителите за инцидентот и им понудил помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.