| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: На 27 април ќе славиме двојна победа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на РМ, Никола Груевски вечерва од митингот во општина Аеродром истакна дека в недела, на 27 април, ќе слават двојна победа.

500gruevski-berovo

Победа на Ѓорге Иванов за претседател на државата и победа на ВМРО-ДПМНЕ со најмалку 62 места во Парламентот.

– Останаа уште само седум дена од 27 април, кога заеднички Македонија ќе прослави победа на Ѓорге Иванов и негов втор мандат за претседател на Македонија и 62 пратенички места за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ – истакна Груевски.

Потсети дека на 13 април народот во огромно мнозинство ја искажал својата доверба, давајќи 450 илјади гласови за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов.

– Тоа беше огромна, силна, голема, моќна победа со 123 илјади гласа разлика. Тоа е недвосмислен израз на волјата на граѓаните. И од тука сосема е јасно што ќе се случува на 27 април. Граѓаните ќе дадат уште посилна поддршка за Ѓорге Иванов, кој ќе победи со над 500 илјади гласови. Убеден сум дека ќе дадат силна поддршка за 62 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ
и коалицијата „За подобра Македонија“ – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top