| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров и Барселона високо поразени во првиот четврфинален меч

Rhein-Neckar Loewen vs THW Kiel

РК Барселона е пред елиминација во Лигата на шампионите откако денеска во првиот четвртфинален загуби кај Рајн Некар Ловен со 38-31. Со овој пораз тимот на Кире Лазаров значително си ги намали шансите за пласман на завршниот турнир во Келн. Лазаров во дуелот со германскиот претсавник беше најефикасен кај својот тим со десет постигнати голови, но и тоа не им помогна на каталонците да се изборат за поволен резултат пред ревашот на домашен терен.

Rhein-Neckar Loewen - FC Barcelona

Рајн Некар денеска играше фантастично со цврста одбрана и брзи контра напади. Го диктираше темпото во сите 60 минути и не му дозволи на гостинот да се надева на поволен резултат. Генсхајмер одигра вистинска симултанка и постигна неверојатни 14 гола. Во еден момент од натпреварот домаќините поведоа и со 11 гола разлика (30-19). До крајот на натпреварот Барселона успеа само да го намали резултатот во последните пет минути и да се надева на одлична игра на своите играчи во реваншот и победа со повеќе од седум гола и пласман на фајнал-фор турнирот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top