| четврток, 6 декември 2018 |

Коневски: Благодарение на Владата реализирани се голем број проекти во општина Аеродром

ivica.jpg500

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски од отвореното студио пред почетокот на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина истакна дека во изминативе години благодарение на Владата на Република Македонија се релизирани голем број на проекти во општина Аеродром.

Како дел од најважните проекти ги спомена рекострукцијата на сите улилишта во општината Аеродором, изградбата на 9 киломерти нови тротоари, изградбата на новата градинка, новите паркови,  новите детски и спортски игралишта. Во руралниот дел од општината нагласи дека се изградени повеќе од 40 километри фекална канализација, како и проширување на патот во населените места Горно и Долно Лисиче.

Тој додаде и дека новиот спорстки центар „Јане Сандански“, што ќе има две спортски сали, едната со капацитет од над 5.000 гледачи а другата со капацитет од над 1.000 гледачи  ќе биде готов до месец август годинава.

Сите проекти, како што нагласи, се рализирани благодарение на меѓусебната соработка меѓу општината Аеродром и Владата на Република Македонија, која, нагласи, е на едно многу високо ниво.

-Јас сум сигурен дека на овие избори граѓаните ќе го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ, за да продолжи развојот општина Аеродром, да продолжи развојот на Р. Македонија. Од една страна имаме партија која што секојдневно се грижи за граѓаните, реализира проекти, која што нуди програма и дава отчет, а од друга страна имаме опозиција која што, јас барем не се сеќавам дека реализирала некој проект во општина Аеродром. И како што може да забележите оние етнички партии посебно ДУИ изминатиов период јавно заговара промена на Уставот, бара двојазичност на цела територија на Р.Македонија, тоа значи бара двојазичност и во општина Аеродром, иако во општина Аеродром 99 проценти од населението е македонско – рече Коневски.

Градоначалникот Коневски нагласи дека секој глас даден за ВМРО-ДПМНЕ значи зачувување на унитарноста на Република  Македонија, како и продолжување на реформите во државата.

-Вие самите сте сведоци дека опозицијата е спремна буквано на се, само да дојде на власт. Јас сум сигурен дека тоа грашаните нема да го дозволат и дека масовно ќе излезат на избори, ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ на чело со господинот Никола Груевски за да продолжи Македонија да се движи напред и да се реализираат сите оние 2046 проекти што ги имаме во програмата Проверено – додаде тој.

Истакна и дека секоја година токму од општината Аеродором започнува Илинденскиот марш, манифестација, која како што нагласи, е финансирана од општината и Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top