| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ ќе паузира од терените

Најдобриот српски тенисер и втор светски рекет Новак Ѓоковиќ по поразот во полуфиналето на мастерс турнирот во Монте Карло од Роже Федерер најави пауза од терените поради повреда на десното рамо.

– Промената од тврда на земјена подлога за мене дојде пребрзо. Не се адаптирав и тоа доведе до повреда на рамото. Повредата е специфична, но среќа е што нема потреба да одам на операција туку само да земам одмор. Не знам колку долго ќе трае тоа, но ќе се вратам на терените кога комплетно ќе бидам подготвен – изјави Ѓоковиќ по мечот со Федерер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top