| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо комплетно подготвен за Лигата на шампионите

Најдобриот играч на Реал Мадрид Кристијано Роналдо им се врати на тренинзите во својот клуб и комплетно е подготвен за првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите против Баерн Минхен што се игра на Сантијаго Бернабе на 23 април во среда. Тој паузираше во финалето на „Копа дел Реј“ против Барселона, и иако се очекуваше да паузира подолг период поради повредата на коленото успеа брзо да се рехабилитира и да му се стави на располгање на тренерот Карло Анчелоти.

Анчелоти изјави дека Роналдо е 100 проценти спремен за настапап од првата минута.

На тренинзите се врати и бразилскиот ас Марсело кој имаше повреда на мускулот. Реал Мадрид во среда се очекува да настапи во најсилниот состав во битката со европскиот шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top