| четврток, 6 декември 2018 |

Колку била пријателска средбата меѓу Црвенковски и Јакимовски, „Република“ дојде до видео од неа

Во текот на ноќта до просториите на „Република“ од анонимни извори е доставено дивиди со видеоматеријал од завчерашната средба меѓу Стевче Јакимовски и лидерот на опозицијата, за која самиот Црвенковски вчера тврдеше дека поминала без караници, а „Република“ објави дека била во напната атмосфера.

Веднаш по оваа средба Јакимовски ја достави својата кандидатура за градоначалник на Карпош.

„Република“ вчера објави детален текст за тоа што се случувало во текот на последните часови во саботата, кога истече рокот за пријавување на кандидати и градоначалници за локалните избори.

Видеото доставено од анонимен автор, кое, најверојатно, е снимено со мобилен телефон, a е со релативно лош квалитет, најверојатно, ќе биде објавено во текот на денот по консултација со правни стручњаци, кои треба да објаснат дали објавувањето на ваков материјал не е кривично дело.

Иако се работи за аматерска снимка од две јавни личности за чиишто јавни средби и појавувања јавноста има право да знае, сепак објавувањето мора да биде во согласност со законските претпоставки.

Во исто време, „Република“ врши и техничка проверка на видео и на аудиоделовите од материјалот со цел да се утврди дали во него не е дополнително интервенирано, особено во аудиоделот на кој се слуша разговорот меѓу Црвенковски и Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top