Фотографиите направени по ослободувањето на Данска од петгодишната окупација од страна на нацистите, прикажуваат група на луѓе кои се собираат и ги напаѓаат жените за кои постои сомневање дека спиеле со Германците, објави „Дејли мејл”.
Црно-белите експлицитни фотографии ја покажуваат омразата на Данците кон Германците.
Во шокантната серија на фотографии е прикажана група на луѓе кои бркаат жена за која се верува дека спиела со Германци. Тие ја напаѓаат, соблекуваат и го цртаат кукастиот крст на неа, а потоа ја оставаат гола и врзана да лежи на среде пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


