Вчера во 11.00 часот во СВР Битола Н.А. (32) од Битола пријавил дека ноќта непознат сторител извршил оштетување на фасадата од Музејот на албанската азбука, сопственост на Министерство за култура.
Сторителот со црна боја ги испрскал мермерната плоча и пластичната табла од влезната врата, а на ѕидот до влезната врата нацртал кукаст крст.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.