| четврток, 6 декември 2018 |

Потрага на Интерпол: Две тинејџерки со босанско потекло заминале во „Света војна“ во Сирија (ФОТО)

Интерпол е во потрага по две тинејџерки од Австрија. Девојчињата со босанско потекло се 15-годишната Сабина Селимовиќ и една година постарата Самра Кесиновиќ.

 

Тие исчезнале на 10 април, а медиумите во Австрија и Германија пишуваат дека заминале во Сирија, како „божји воини” да им се приклучат на фанатиците. За сега било само потврдено дека девојките на ист ден со авион заминале во Истанбул. Таму им се губи секаква трага.

avstrija-sirija-02

Наводно девојките оставиле писмо во кое пишувало: „На вистински пат сме. Одиме во Сирија, ќе се бориме за Исламот. Повторно ќе се сретнеме во рајот“.

avstrija-sirija-05

На „Фејсбук“ наводно напишале дека не се плашат од смртта и дека смртта е нивната цел. Се појавиле и информации дека во меѓувреме се омажиле за своите избраници и живеат во тренинг камп, помеѓу верски фанатици.

avstrija-sirija-04

„Дејли меил“ објави фотографии на кои наводно тинејџерките се облечени во бурка. Австриските медиуми пишуваат дека девојките во Виена го запознале Ебу Тејма, еден од најрадикалните исламисти во Европа.

burka

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top