| четврток, 6 декември 2018 |

На 27 април, мастило и на левиот палец

glasanje_palec_obelezan

На парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои претстојат на 27 април,оние кои ќе гласаат ќе бидат евидентирани со бележење на левиот палец, за разлика од првиот претседателски круг каде евидентирањето се вршеше преку десниот.

Од ДИК одлуката ја образложуваат како превенција од можни неправилности поради трајноста на мастилото за бележење.

– За да нема никакви забуни и да одбегнеме ситуации во кои на некој граѓанин би можело да му биде попречено правото да гласа бидејќи има траги од мастилото, донесовме одлука обележувањето да се врши на друго место. И ние добивме информации дека кај доста гласачи се` уште постојат траги од маркирањето и тие се видливи. До недела тие можеби нема да исчезнат и би можеле да се случат недоразбирања и проблеми – вели Субхи Јакупи.

Согласно официјалните списоци на ДИК, на 27 април право да одлучуваат чии пратеници и во кој број ќе ги пополнат собраниските фотељи, ќе имаат 1.780.128 граѓани, од кои 27.828 се Македонци кои живеат и работат во странство. Тие ќе можат да гласаат распоредени во 9 изборни единици – 6 во републиката и 3 во дијаспората. Кога се работи за Македонците зад граничните јарболи,за новиот состав на парламентот право на глас имаат повеќе од двојно во однос на оние кои пред 6 дена одлучуваа за претседател. Тогаш право да избираат државен шеф имаа 8.332 гласачи,а за новите регистрирани во Берн,Виена и Венеција вратите ќе ги отвори по едногласачко место плус.

Од 6-те домашни ИЕ најмногу гласачи може да даде втората – 306.067, додека „четворката“ со 280.810 има најмалку запишани гласачи.

Претстојните парламентарни избори за самостојна Македонија се осми по ред и за нешто повеќе од една седмица ќе го дадат одговорот кој ќе има можност да ја реализра својата идеја за изгледот и функционирањето на идната Влада. Покрај новиот мандатар,истиот датум ќе одгатне кој во наредните 5 години ќе престојува во вилата Водно

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top