Ланец на гигантски комании доаѓаат во Охрид.
Германската ОДВ електрик од областа на автомобилската индустрија ќе стартува со работа во средината на месец мај. Станува збор за инвестиција која првично ќе биде лоцирана во постоечки браунфилд објект каде ќе има 100 вработени, додека да се отпочне со изградбата на големиот капацитет од 10 илјади метри квадратни кој во наредните 4 години ќе вработи 1.000 луѓе. А втората компанија ќе обезбеди 800 вработувања.
Во август ќе започне изградбата на индустриската развојна зона во близина на аеродромот Свети Апостол Павле.
Инаку Охридско –струшкиот регион со популација од околу 120 илјади жители има потенцијал да биде еден од лидерите за привлекување на инвестиции во Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.