| четврток, 6 декември 2018 |

Германскиот гигант пресилен – Металург 21 : Кил 31

Македонскиот вицешампион Металург не успеа да оствари позитивен резултат против германскиот гигант Кил и загуби со 21:31 во првиот меч од двомечот кој што  дава еден од учесниците на фајнал форот во лигата на шампионите.

И покрај чудниот критериум на судиите од Словачка во првиот дел во вториот дел на Кил не му требаше помош од судиите , со одлична игра во одбраната и со лесна реализација во нападот успеа да дојде до 10 голови предност.

Со постигнатиот резултат Кил е речиси сигурен за пласман на завршницата освен ако на реваншот не се случи ракометно чудо.

Во екипата на Металург најефикасни беа Манасков со 6 и Атман со 4 гола а кај гостите најмногу голови постигнаа Палмарсон и Вујин со по 7 погодоци.

Поразот на Металург од Кил е првиот пораз на македонските екипи во оваа сезона во ракометната лига на шампиони.

И покрај тешкиот пораз сепак публиката во „Борис Трајковски“ со аплауз ги испрати и гостите но и домаќините кои што на својата публика и годинава и овозможи натпревари на светско ниво.

Во изјава за ТВ Алфа Наумче Мојсоски по натпреварот изјави дека и покрај ревијалниот меч во реваншот сепак Металург ќе оди на победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top