| четврток, 6 декември 2018 |

Груба игра на Кил и „чудни“ одлуки на судиите во првото полувреме, Металург 9 – Кил 14

Десетина чудни одлуки на судиите и груба игра на гостите го карактеризираат првиот дел од мечот во ракометната лига на шампионите меѓу Металург и Кил.

За разлика од грубата игра на Кил кога судиите не ја санкционираат тие го казнија секој обид на Металург да заигра поцврсто.

Првичната  анализа покажува дека досега ваков судиски критериум не е виден во Скопје.

Металург имаше серија од 4 голови кога на средината на полувремето се врати од четири голови разлика ( 8:4) но немаше сили да направи подобар резултат против исклучително силниот противник од Германија

Во финишот на полувремето Металург со неколку грешки му овозможи на гостинот да поведе со 14:9 и со тоа да ја оправда улогата на фаворит на гермaнскиот гигант.

Во екипата на Кил најефикасен е србинот Вујин со 5 гола и Палмерсон со 4 , кај Металург најефикасни се Манасков и Циндриќ со по 3 гола.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top