Симпатизери на Демократската партија на Албанците ја демолирале салата Борис Трајковски во Скоје, каде викендов имаа промоција на скопските кандидати за градоначалници, објавува „Вест“. Како што пишува весникот, искршени се вц шољи, чешми, столчиња, исшарани се ѕидовите а искре е и прозор од базенот Младост.
Информацијата за Вест ја потврдил и Ратко Капушевски, директор на СЦ Борис Трајковски, кој за Вест потврдил дека има голема штета и дека е направен записник кој го потпишал и пратеникот и кандидат на ДПА Беким Фазлиу. Тој за Вест не сакал да ги коментира случувањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.