И покрај студеното време, Охрид е полн со гости, претежно со домашни туристи, но и со посетители од соседните држави, јави „Супер радио“.
Дождот кој скоро два дена не прекина да паѓа не ги поколеба туристите да уживаат во убавините на градот.
Традиционално, најбројни се гостите од соседните земји, Грција, Бугарија, но и Србија, а голем е бројот и на домашните, македонски гости.
Хотелиерите очекуваат до крајот на овој и во текот на наредниот месец во Охрид да доминира конгресниот туризам, а веќе се најавени и неколку конгреси и симпозиуми со меѓународно учество.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.