| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска во Куманово се сретна со ловџиите

јанкуловска - ловџии

Гордана Јанкуловска, носителот на листата во втората изборна единица од ВМРО ДПМНЕ денеска се сретна со ловџиите од куамновскиот крај.

На средбата таа истакна дека ВМРО ДПМНЕ како партија до сега во многу наврати покажала дека има слух за проблемите за ловџиите и дека постојано работи на решавање на нивните проблеми и реализација на нивните барања.

Во рамки на средбата, Јанкулоска ги запозна со проектите од програмата на ВМРО ДПМНЕ кои се однесуваат на оваа група граѓани.

-Во наредниот период постојано ќе се работи на доделување на концесии за ловишта. Остануваат да се доделат уште 9 ловишта, кои со завршување на периодот на концесија ќе се објават со јавен повик. Министерството со Државниот инспекторат за шумарство и ловство ќе обезбеди континуирано следење на подобрувањето на бројната состојба со дивечот од страна на концесионерите согласно планските документи, а преку мерки дополнително ќе го поттикнува одгледувањето и населувањето на дивечот во ловиштата низ државата, посочи Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top