| четврток, 6 декември 2018 |

Нова љубљанска банка повторно во загуби

nlb  janko medjaНајголемата словенечка банка, државната НЛБ, соопшти дека загубите лани се продлабоки и дека сега и требаат 400 милијарди евра (534 милијарди долари) свеж капитал за да се исполнат европските регулаторни барања.

Лошите заеми ја турнаа банката во загуба од 273,5 милијарди евра во 2012 година во споредба со загуба од 239 милиони во 2011 година и се очекува и годинава да помине во тој знак.

“Ситуацијата во словенечката средина и во банката останува многу сериозна”, изјави извршниот директор Јанко Медја.

Проблеми на банките во Словенија, кои се борат со планина од лоши долгови, ги покренаа шпекулациите дека и на поранешната југословенска република, своевремено пример за нова членка на Европската унија и на еврозоната, можеби ќе и треба помош за спас.

Според Медја зголемувањето на капиталот за 400 милиони евра е потребно годинава за да се подигне индексот на капитализација од сегашните 8,7 отсто на 9,0 отсто како што се бара од страна на Европската банка орган.

Словенечката држава има 86 проценти од акциите во НЛБ откако во декември ги купи 22 процентниот удел од вториот најголем сопственик, белгиската групација за осигурување и банкарство КБЦ. Државните акции годинава ќе се зголемат на 90 отсто. Словенечкиот парламент одобри реконструкција на банката со преземање на долговите.

Премиерот Јанез Јанша во меѓувреме се бори да остане на чело на малцинската влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top