Патниците на американската авио компанија „Американ ерлајнс“ доживеале веројатно најнепријатниот лет во својот живот, бидејќи нивната сопатничка добила напад на паника која траела во текот на речиси целиот лет.
Жена во средни години почнала да се тресе и хистерично да повторува „Боже ти си мојот спасител“. Екипажот на авионот не успеала да и пријде на жената и да ја смири, но им наложила на останатите патници да го блокираат нејзиниот пат, за да не се движи по авионот и евентуално да се обиде да отвори врата.
На патот од Мајами до Тапма еден од патниците со својот мобилен телефон го снимил целиот настан и го споделил на „Јутјуб“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


